Често се прават листи на најдобрите, највредните и најскапите фудбалери, клубови и лиги, а сега едно такво рангирање објави и швајцарскиот Меѓународен центар за судии и спорт (CIES).
Ова лето беше реализиран најскапиот трансфер во историјата фудбалот, Бразилецот Нејмар од редовите на Барселона, премина во ПСЖ за сума од 222 милиони евра. Сепак, според истражувањето на споменатиот иснститут најскапиот тим го има Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Граѓаните“ во летниот преоден рок потрошија 215 милиони фунти, додека нивниот состав вкупно вреди 853 милиони евра.
ПСЖ е веднаш зад нив со три милиони евра помалку, потоа следи Манчестер Јунајтед со сума од 784 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ минатата сезона беа на првото место, но сега паднаа на третата позиција иако вредноста на нивниот тим порасна за 66 милиони фунти.
Ова истражување беше направено само од најбогатите пет лиги (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија). На листата доминира, Премиер лигата со десер клубови.