УЕФА денес ги објави финалистите во изборот за најдобар фудбалер во Европа и тоа се Роберт Левандовски, Мануел Ноер и Кевин Де Брујн.
Така првпат од 2010 година во завршниот нема некој од Меси и Роналдо кој сега се во топ 10. Меси се најде веднаш зад водечкото трио. Аргентинецот имаше вкупно 53 гласа, толку имаше и Нејмар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од друга страна Роналдо се најде дури на 10-тата позиција. Ѕвездата на Јувентус собра само 25 гласа. Поредокот на првите тројца ќе биде познат на 1. октомври. Вака изгледаат местата од 4-то до 10-то.
4. Лионел Меси – 53
5. Нејмар – 53
6. Томас Милер – 41
7. Килијан Мбапе – 39
8. Тијаго Алкантара – 27
9. Џошуа Кимих – 26
10. Роналдо – 25