Ова лето беше обележано со многу спектакуларни трансфери, а угледниот „The Guardian“ направи листа на оние најдобрите мали трансфери.
Се разбира, меѓу првите е трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан и Сеад Колашинац од Шалке во Арсенал. Споменатиот медиум напиша дека доаѓањето на Колашинац во Лондон беше бесплатен и со тоа е еден од најдобрите ова лето. Што се однесува за Бонучи, тој за 35.2 милиони фунти се пресели во Росонерите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Монако за 21.6 фунти го купи Јури Тилеманс, белгискиот играч од Андерлехт и експерите од Гардијан веруваат дека во иднина овој млад играч ќе ги исплати парите вложени во него.
На листата е трансферот на Дани Себаљос од Бетис во Реал (14.5милиони), Ченгиз Андер од Башакшехир во Рома (11.7), Теренс Конгол од Феенорд во Монако (11.4), Марко Бенаси од Торино во Фиорентина (9), Бертанд Траоре од Челзи во Лион (8.8), Енди Робертсон од Хул во Ливерпул (8), Валер Жерман од Монако во Марсеј (7), Ријад Будабез од Монпеље во Бетис (6.3), Сандро Рамирез од Малага во Евертон за 5.3 милиони…