Дома Трансфер зона ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Лука Модриќ на лето прави сензационален трансфер?

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Лука Модриќ на лето прави сензационален трансфер?

Во шпанските медиуми во последно време се повеќе се пишува за тоа дека Модриќ на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид иако веќе неколку години е еден од најважните играчи во екипата на Зинедин Зидан.

Модриќ во „Кралскиот клуб“ пристигна од Тотенхем и за кратко време стана еден од најважните играчи на оваа екипа. Меѓутоа, во последно време се повеќе се пишува за тоа дека хрватскиот репрезентативец на крајот на сезоната ќе ја промени средината.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во шпанските медиуми денеска се појави информација дека Модриќ веќе изразил желба кариерата да ја продолжи во САД. Како што пишува „Спорт“, Модриќ им октрил на своите соиграчи дека има голема желба да си оди во МЛС, а наводно за него е заинтересиран ЛА Галакси.

Доколку овој клуб од Лос Анџелес успее на лето да го доведе Модриќ, тогаш во екипата ќе има уште една огромна ѕвезда покрај Златан Ибрахимовиќ. Но, сето тоа треба да се земе со резерва со оглед на тоа што Модриќ има 32 години и сигурно уште многу да покаже на големата фудбалска цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…