Реал Мадрид синоќа доживеа голем шок.
Кралевите синоќа беа поразени од Алкојано со 2:1 после продолженијата, а поразот е уште потежок кога се знае дека противникот имаше и играч помалку.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
После натпреварот Зидан застана во одбрана на своите играчи. Ја превзема одговорноста и тврди дека ова не е срам.
„Се обидовме. Играчите дадоа се од себе, имавме шанси да постигне втор погодок и кога не постигнете тогаш стигнува казната. Испаднавме, но играчите се обидоа.“ – изјави Зизу и додаде:
„Кога загубите секогаш се зборува за тоа. Ја превземам одговорноста и што биде нека биде. Ќе видиме што ќе се случи во следните денови.“
Реал пред неколку дена остана и без трофејот во Суперкупот, а до крајот на сезоната можат уште да ги освојат ЛШ и Ла Лига.