Леброн Џејмс на лето би можел да започне преговори со Голден Стејт Вориорси, пренесува „ЕСПН“.
Новинарот Крис Хејнс во својот текст пишува дека Вориорсите доколку направат место во селери кеп би можеле да започнар преговори со еден од најдобрите кошаркари во историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од овој агол тоа изгледа незамисливо, меѓутоа дешната ситуација во НБА не навикна и на невозможни ситуации.
Џејмс на лето скоро сигурно станува слободен играч и од поодаман се шпекулира каде би можел да заврши. Се споменуваа Хјустон, Клиперси, Лејкерси, Сан Антонио, а сега и Голден Стејт.
Веќе е познато дека Вориосите го создадоа еден од најсилните тимови со Кари, Томпсон, Дурант и Грин, па така навистина е невозможно да се замили и Џејмс во овој тим.
Како што пренесува „ЕСПН“ најреална опција во овој момент да дојде „sing and trade“ договор. Џејмс би потпишал договор со Кливленд, но веднаш би бил трејдуван за Клеј Томпсон и Андре Игудало.
НБА од поодамна не е она што беше, ривалитетот помеѓу играчите полека исчезнува, а трансферот на Леброн во Вориорсите би бил врв на шоубизнисот, а не на кошарката.
ESPN Sources: LeBron James could meet with Golden State Warriors during free-agency. https://t.co/6VACFDFf4M
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) February 1, 2018