Дома Останати Ова е уште е еден доказ дека на Ѓоковиќ му нема рамен!

Ова е уште е еден доказ дека на Ѓоковиќ му нема рамен!

По осмипат во незаборавната кариера на српскиот спортист Новак Ѓоковиќ, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) овековечи уште една сезона од соништата на светскиот „Број 1“.

Оваа награда му е доделена на Ѓоковиќ откако годинава освои три од четирите грен слем титули.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До сега освои 24 грен слем титули израмнувајќи се со Маргарет Корт, по седмипат дојде до титулата на АТП финалето и уште еднаш ја завршува годината на светскиот врв.

Во женска конкуренција ИТФ ја избра Арина Сабаленка за најдобра тенисерка на планетата.

Белорусинката Сабаленка ја освои првата Грен слем титула на „Австралија опен“, беше вицешампионка на „УС Опен“, а играше и во полуфиналето на „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

Ѓоковиќ и Сабаленка беа единствените тенисерки кои стигнаа до полуфинале или подобар резултат на сите четири Грен слем турнири во 2023 година.

Раџив Рам и Џо Солсбери по вторпат се избрани за најдобар тим во двојки во машка конкуренција, додека кај жените Сторм Хантер и Елис Мертенс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…