Иако навивачот од фотографијата веројатно има доволно години за многу доживеани убави моменти во животот, очигледно вечерашниот натпревар ќе му остане долго во паметење. Колку беше среќен после победата против Јувентус најдобро покажуваат солзите. Не многу често маж на овие години плаче.
Наполи долго години се обидува да му застане на патот на Јувентус, но секогаш кога бил близу, загубиле во Торино и тој пораз значеше крај на надежите за титулата. Победите на Јувентус повеќето беа слични како вечерашната на Наполи. Еден гол и тоа е тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа навивачите на Наполи знаат колку е тешко кога загубите ваков натпревар со 1:0 и тоа во последните моменти од натпреварот, а вечерва конечно почуствуваа колку е убаво чуството кога вашата екипа ќе победи на тој начин. Ова не беа само три бода, туку ова е голема надеж дека по крајот на сезона Скудето конечно ќе пристигне на Сан Паоло стадионот. Имено, Наполи сега е само на еден бод минус од Јувентус, кој до крајот на сезоната гостува кај Интер и Рома.