Трансферот на Аксел Витсел во Јувентус пропадна во последните минути од летниот преоден рок но „старата дама“ не се откажува од белгискиот репрезентативец.
Договорот на Витсел со Зенит истекува на крајот на сезоната, па играчот ќе може без обештетување да се пресели во Торино следното лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, „бјанконерите“ сакаат да го донесат Витсел уште во јануари, па спремија понуда до Зенит кој сега треба да одлучи.
Имено, Јувентус му нуди на рускиот клуб 6 милиони евра за да го добие потписот на Витсел во јануари, во спротивно Белгиецот ќе потпише за италијанскиот шампиони преддоговор и ќе пристигне следното лето како слободен играч.
Ова е ултиматум од страна на италијанскиот шампион, па сега останува да се види како ќе реагира Зенит на оваа понуда.