Дома Трансфер зона Ова е лудо: Зенит го плати Малком 40 милиони евра пред три дена и сега размислува да го продаде!?

Ова е лудо: Зенит го плати Малком 40 милиони евра пред три дена и сега размислува да го продаде!?

Бразилецот Малком пред три дена беше официјално претставен како ново засилување во руски Зенит и за него овој клуб плати дури 40 милиони евра.

Малком дебитираше против Краснодар пред два дена и на трибините го дочекаа расистички транспаренти.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради тоа рускиот „Спорт“ пишува дека Зенит дури размислува да го продаде за да избегне дополнителен конфликт помеѓу навивачите и играчот.

Малком долго време се поврзуваше со трансфер во Арсенал и Евертон, но сепак рускиот клуб ги победи англиските клубови и го доведоа за рекордна оштета. Сега изгледа им е жал и на играчот и на клубот.

Ако се случи Зенит веднаш да го продаде овој играч тогаш Малком ќе биде запаметен како играч кој ги имал едни од најлудите трансфери. Ќе потсетиме, минатото лето имаше договорен трансфер во Рома, клубовите веќе го потврдија трансферот, за во последен момент тој да одлучи да се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …