Oва лето голем број фудбалски ѕвезди би можеле да ги променат средините во потрага по минутажата која сметаат дека ја заслужуваат.
Паоло Дибала од Јувентус и Фелипе Кутињо од Барселона веќе некое време се поврзуваа со заминување од своите клубови, а денес „Калчомеркато“ објави дека таа ситуација би можеле да ја искористат Барселона и Јувентус и да ги разменат Бразилецот и Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Кутињо скоро и никој да не верува дека тој наредната сезона ќе игра во Барселона, Бразилецот не ја оправда огромната сума вложена сума. Барселона сака да го продаде Кутињо за сума од околу 130-140 милиони евра со тоа да врати дел од вложените средства во него.
Дибала во Јувентус оваа сезона има нешто помала минутажа и поради тоа во Италија најавуваат дека Аргентинецот ќе побара да биде продаден. Јувентус за Дибала на Палермо му плати сума од 40 милиони евра, а сега ако го продава сигурно може да заработи над 100 милиони евра.
Сега кога платите се во прашање Кутињо веројатно би требало во Торино да прифати нешто помал износ. Дибала во Јувентус заработува 7.5 милиони евра по сезона и тоа за Барса не би било проблем. Од друга страна Кутињо во Каталонија добива 13.5 милиони евра годишно и во Јувентус тешко дека ќе добие таква плата посебно поради формата со која игра.
Кутињо претходно се поврзуваше со заминување во Челзи (ако на „сините“ им биде укината забраната за трансфери), ПСЖ и Манчестер Јунајтед.