Премиер лигата ќе продолжи на 17. јуни после паузата поради пандемијата со коронавирусот, а првенството ќе заврши на 2. јули.
До крајот преостануваат 92 натпревари. Првиот натпревар го играат Астон Вила и Шефилд Јунајтед на 17 јуни, а истата вечер играат Манчестер Сити и Арсенал. Во петок 19. јуни ќе се сретнат Норвич и Саутемптон, како и Тотенхем – Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дербито помеѓу Евертон и Ливерпул се игра во недела 21. јуни, а до крајот на првенството важни натпревари ќе одиграат Челзи – Манчестер (25. јуни) и Манчестер Сити – Ливерпул (2. јули).
Ќе потсетиме освојувачот на титулата не би требало да би доведен во прашање затоа што на Ливерпул потребни му се само уште две победи за и официјално да стане шампион на Англија, титула на која чека 30 години.
Premier League confirms radio commentaries of all games on 5Live/talkSPORT https://t.co/G383cuRVqP
— Rob Harris (@RobHarris) June 5, 2020