Дома Фудбал Италија Астори починал од наследна болест, тоа што бил спортист само ја влошило ситуацијата

Астори починал од наследна болест, тоа што бил спортист само ја влошило ситуацијата

astori

Италијанските власти објавија нов поопширен извештај за изненадувачката смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Утврдено е дека Астори на 32 години починал од аритмија која се појавила поради кардиопатија која не може да се открие само во 20% од случаите. Токму поради тоа што постоела голема шанса неговиот проблем да биде откриен, случајот и понатаму е отворен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извештајот е објавен од универзитетот во Падова кој е водечки во светот на патологијата. Тука се истражувани повеќе од 800 случаи на изненадувачка смрт кај луѓе помлади од 35 години од кои околу 100-тина биле спортисти. Четвртина починале од аритмија предизвикана од кардиопатија која е наследна болест, а кај оние кое кои се занимаваат со спорт шансите за смрт се зголемуваат за пет пати.

Иако веднаш беше утврдено дека не станува збор за насилна смрт италијанската полиција по закон беше должна да отвори истрага против „непознат сторител“ се додека не бидат откриени сите детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…