Дома Фудбал Англија „Плавите“ со новиот предвоник стилски го отвори првото коло во Премиер лигата, Борнмаут сигурно против Кардиф (ВИДЕО)

„Плавите“ со новиот предвоник стилски го отвори првото коло во Премиер лигата, Борнмаут сигурно против Кардиф (ВИДЕО)

Во рамки на првото коло во Премиер ллигста, денес беа одиграни четири меча од 16 часот, додека претходно синоќа Манчестер Јунајтед славеше над Лестер со 2:1.

По Јунајтед, победа остварија Борнмаут, Кристал Палас, Челзи и Вотфорд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борнмаут со 2:0 славеше над екипата на Кардиф, а голот на одлука го постигна Фрасер во 24. минута, со тоа што Вилсон десет минути подоцна промаши пенал за домашните. Конечните 2:0 ги постави токму Вилсон во 91. минута.

Новиот премиерлигаш Фулам беше поразен од Кристал Палас со 2:0, а погодоците за гостите ги постигнаа Шлуп во 41. и Заха во 80. минута. Вотфорд со 2:0 беше подобар од Брајтон, а двократен стрелец беше Переира.

Челзи на Сари си поигра со домаќинот Хадершфилд, па славеше со 3:0. Почна необично со голот на Канте во 34. минута, а Жоржињо, во 45 минута зголеми на 2:0. Фантастичното издание на „Плавите“ го круниса Педро во 80 минута на асистенција на Азар за конечни 3:0.

Подоцна се состануваат Волверхемптон и Евертон, а преостанатите дуели на програмата се утре.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…