Дома Фудбал Објавено што судијата Лахоз запишал кога му доделил жолт картон на Меси

Објавено што судијата Лахоз запишал кога му доделил жолт картон на Меси

Лионел Меси во 73. минута вчера ги постави конечните Барселона – Осасуна 4:0.

Голот Меси го прослави така што го соблече дресот на Барса и го покажа дресот на Њуел Олд Бојс кој го носеше Марадона на неговото деби (тука прочитајте како овој дрес заврши кај Меси).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Судијата Матеу Лахоз во таа ситуација му додели жолт картон на Лео. Чудно е, но правилата така налагаат – секое соблекување на дрес на теренот значи жолт картон. Лахоз строго се држеше до правилата и не отстапи.

Шпанските медиуми сега објавија што запишал Лахоз како објаснување за тој жолт карто на Меси.

„Во 73. минута играчот со број 10 Лионел Меси доби жолт картон поради следната причина: Го соблече дресот по постигнувањето на голот и покажа дрес на Њуелс Олд Бојс со „10-ка“ на грбот. Таков дрес Њуелс Олд Бојс користеше во сезоната 1993/1994“.

Се додава дека Лахоз е познат како судија кој детално ги опишува случувањата на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвена Звезда скапо ја плати елиминацијата од ЛШ – ќе загуби 15 милиони евра

Отсуството од Лигата на шампионите носи сериозен финансиски удар за Црвена ѕвезда. Приходо…