Дома Фудбал Објавена листа од топ 10 најплатени фудбалери на светот – еве кој е на врвот

Објавена листа од топ 10 најплатени фудбалери на светот – еве кој е на врвот

Според извештајот на Форбс, Португалецот Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во светот.

Заработката на ѕвездата на Ал-Наср од Саудиска Арабија е огромна – 262 милиони долари (пред оданочување). Во оваа бројка е вклучена и сумата што Португалецот ја собира од комерцијални активности.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


На второто место на листата на најплатени фудбалери е најголемиот ривал на Роналдо на теренот, Аргентинецот Лионел Меси, членот на Интер Мајами од САД, кој годишно заработува 124 милиони.

Трет најплатен фудбалер во светот е Бразилецот Нејмар со плата од 101 милион долари.

Зад него се Карим Бензема со 96 милиони и Килијан Мбапе со 83 милиони кои ја комплетираат листата на Топ 5 најплатени фудбалери во светот.

Од шестата до 10 позиција се наоѓаат Ерлинг Халанд (55 милиони долари), Винисиус Жуниор (50 милиони), Мохамед Салах (48 милиони), Садио Мане (47 милиони) и Кевин де Брујне (36 милиони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејвид Мојс ќе води нов клуб во Премиер лигата?

Кристал Палас не ја започна сезоната во Премиер лигата како што oчекуваше, а тоа многу брз…