Дома Фудбал Англија Обложувалниците и отказот- „страв и трепет“ за фановите на Ливерпул

Обложувалниците и отказот- „страв и трепет“ за фановите на Ливерпул

Челниците на Баерн Минхен денес на Карло Анчелоти му врачија отказ.

Италијанскиот стратег не го „преживеа“ синоќешниот пораз од ПСЖ, но и нешто послабиот старт во Бундеслигата. Додека Анчелоти, уште се „пакуваше“, почнаа шпекулациите за неговата замена на клупата на баварскиот гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По отказот на Анчелоти некои од светските обложувалниците сметаат дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е еден од главните фаворити за преземање на позицијата тренер на Баерн Минхен.

Според Скај Бет, Јирген Клоп е четврти на листата фаворити за клупата на Баерн, зас Нагелсман, Тухел и Сањол. Шансите, Јирген Клоп да го напушти Ливерпул и да тргне на пат кон дома, според оваа обложувалница се 10/1, но, иако загрижени, навивачите на Ливерпул се уште немаат причина за паника, бидејќи е познато дека Клоп во 2008.година имаше шанса да го преземе Баерн, но таа понуда ја одби.

Тој, наместо Баерн ја презема Борусија Дортмунд, најголемиот ривал на баварскиот клуб. Сепак, ако се земе предвид дека двата најголеми адути од времето на Дортмунд за Клоп се Геце и Левандовски, дресот на Милионерите тие го заменија со оној на Баерн, па не би било чудно доколку и Клоп се одлучи на ваков чекор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…