Дома Фудбал Англија Обамејанг: Средбата со мојот брат, беше причината за договор со Арсенал

Обамејанг: Средбата со мојот брат, беше причината за договор со Арсенал

Пјер Емерик Обамејанг во последниот ден од јануарскиот преоден рок одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд и кариерата да ја продолжи во Арсенал.

Габонецот веќе на дебито за лондонскиот тим постигна погодок и покажа дека е големо засилување. Обамејанг имаше неколку богати понуди од Кина, но и од европските клубови, но на крајот се одлучи да потпише за Арсенал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Обамејанг за англиските медиуми истакна дека Хенрик Михтаријан е главниот „виновник“ што на крајот го избрал Арсенал. Михтаријан само неколку дена пред него пристигна на „Емирати“ и се чини не му било потребно долго време да го убеди некогашниот соиграч од Дортмунд и тој да пристигне во Арсенал.

„Ме повика неколку пати и ме праша дали ќе дојдам. Мене ме интересираше дали тој ќе потпише и ми кажа дека се е завршено и дека оди во Арсенал. Тоа беше главниот фактор што и јас на крајот пристигнав. Тоа е како повторна средба со братот, игравме во минатото и среќен сум што повторно носиме ист дрес“, истакна Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто досега не е видено: Тухел има идеја за СП која ги изненади сите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, најави необична тактика …