Дома Фудбал Англија Обамејанг: Побрзо ќе се откажам од фудбал, отколку да играм за Тотенхем

Обамејанг: Побрзо ќе се откажам од фудбал, отколку да играм за Тотенхем

Ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг откри дека бил блиску до трансфер во Тотенхем во минатото, но во моментов не може ни да замисли таков трансфер.

Обамејанг изјави дека дури би се откажал од фудбалот, наместо да потпише за големиот ривал на „топџиите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нема потреба да ме прашувате за тоа, знаете каков е одговорот. Побрзо би се откажал од фудбалот отколку да се пресели во Тотенхем“, изјави Обамејанг.

„Пред неколку години бев многу блиску до трансфер во Тотенхем, но не знам зошто не се реализира трансферот. Тогаш бев уште во Сент Етјен, ми се јавија, го посетив стадионот и преговорите беа скоро завршени“, откри напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…