
Одличниот напаѓач на Борусија Дортунд, Пјер Емерик Обамејанг ова лето би можело многу лесно да се пресели во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед е тимот кој е заинтересиран за одличниот напаѓач. „Црвените ѓаволи“ и ова лето ќе прават нова реконструкција на тимот, а се споменуваат и голем број на потенцијални засилувања кои би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Последното име кое се поврзува со Јунајтед во англиските медиуми е играчот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг. Јунајтед пред точно една година во своите редови го донесе Хенрик Михтарјан, кој зад себе нема толку добра сезона каква што имаше во Германија, но од него повеќе се очекува следната сезона.
Доколку можеме да им веруваме на англиските медиуми, Јунајтед ова лето ќе се обиде да го доведе и неговиот поранешен соиграч, Обамејанг, кој постигна 39 гола во 48 натпревари за Дормунд оваа сезона. Доколку овој трансфер се оствари, Обамејанг би бил третото засилување во последно време кое доаѓа од Дортмунд во Манчестер. Потсетуваме, додека Сер Алекс Фергусон беше менаџер на Јунајтед, „Црвените ѓаволи“ ги засили Шинџи Кагава, кој сепак не остана долго во Англија.
Манчестер Јунајтед за реализација на трансферот на Обамејанг ќе има голема конкуренија, бидејќи за неговите услуги е заинтересиран и ПСЖ и неколку кинески клубови кои нудат огромни пари за Габонецот.