Габонскиот репрезентативец и ѕвезда на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг е мета на критики поради голгетерската криза во која се наоѓа.
Постот на Обамејанг го Борусија трае веќе 476 минути, а според неговите зборови главната причина за тоа е што се чувствува уморно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се чувствував уморно. Играв цел натпревар и затоа барав поштеда во Куп натпреварот против Магдебург“, изјави 28-годишниот голгетер.
„За жал тоа не ми беше дозволено, но затоа ми помогна репрезентативната пауза. Сметам дека критиките не се на место, иако мојата работа е да давам голови. Ќе се вратам во форма, убеден сум“, заклучи Обамејанг.
Африканецот сепак има убава статистика во Бундеслигата, каде на 11 првенствени натпревари има постигнато 10 гола оваа сезона.