Дома Топ вести Норвешкото „чудо од дете“ се сели на „Олд Трафорд“

Норвешкото „чудо од дете“ се сели на „Олд Трафорд“

Норвешкото „чудо од дете“ Ерлинг Халанд ја импресионираше Европа, па веќе започна битката за неговиот потпис.

Напаѓачот на Салцбург стигна до бројката од шест гола во Лигата на шампионите и така го сруши рекордот на легендарниот Дидие Дрогба. Тинејџерот блеска на сите полиња оваа сезона, уште не е ни ноември, а веќе има 20 гола на своето конто, во сите натпреварувања.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Големите европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис.

Солскјер веќе работеше со тинејџерот, Халанд настапуваше во Молде под покровителство на сегашниот тренер на „Црвените ѓаволи“. 

Мино Раиола кој го претставува младиот Норвежанец, на „Олд Трафорд“ има неколку свои клиенти како Погба, своевремено ги донесе и Лукаку и Санчез, така да Италијанецот има добри врски со англискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…