
Угледниот германски весник „Билд“ објави дека Мануел Ноер наскоро би можел да стави точка на својата репрезентативна кариера.
„Билд“ тврди дека Ноер се посериозно размислува за повлекување од репрезентацијата, а на одлуката секако ќе влијае и тоа во какво форма ќе биде во наредниот период.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Не сум сигурен дека ќе бранам после Европското првенство. Многу фактори ќе влијаат на тоа. Ќе видиме како ќе функционира моето тело и колку ќе бидам способен“, изјави Ноер.
Во меѓувреме Ноер се најде во центарот на вниманието на германската јавност и тоа поради недоразбирањето со заменикот Марк Андре тер Штеген. Голманот на Барселона изрази незадоволство поради својот статус во репрезентацијата и индиректно го „нападна“ Ноер.
Голманот на Баерн за националниот тим настапува од 2009 година, а претстоечкото Европско првенство за него најверојатно ќе биде и последно.