Дома Фудбал Италија Нов шок за Јувентус: Федерацијата ќе објави нова казна до крајот на оваа сезона!

Нов шок за Јувентус: Федерацијата ќе објави нова казна до крајот на оваа сезона!

Бурна сезона е зад Јувентус во Италија, а како што стојат работите по вторпат на „старата дама“ ќе и бидат одземени бодови. На Јувентус прво му беа одземени 15 бодови, па истите му се вратија.

Враќањето на бодовите како што беше најавено во претходната одлука беше привремена, а не конечна. Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) ја прифати жалбата на Јувентус, но откако вчера беа објавени детали за нивната одлука стана јасно дека многу веројатно Јувентус го чека нова казна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во образложението се потенцира дека Јувентус поставувал нереални цени на трансферите и така добивал предност во однос на финансиските резултати. Јувентус инсистираше на тоа дека не постои реална цена за еден фудбалер кога двата клуба ќе се согласат дека таа е реална.

Федерацијата како доказ ги користи сумите пресметани на порталот „Трансфермаркт“ и најверојатно тоа ќе биде доволно за казна.

Најавите се дека на Јувентус ќе му бидат одземени девет бода со кои според актуелната ситуација на табелата би испаднал од топ четири затоа што „бјанконерите“ имаат предност од пет бода во однос на Милан кој е петти.

Казната федерацијата ќе ја соопшти во најмногу од рок од 30 дена и тоа значи дека ќе биде позната пред крајот на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …