Дома Фудбал Нов шок за Валверде: Се повреди и Ансу Фати

Нов шок за Валверде: Се повреди и Ансу Фати

Никако не престануваат проблемите со повредени фудбалери за Барселона од стартот на сезоната.

Лионел Меси ја обнови повредата на мечот со Виљареал и не се знае кога ќе се врати на терените, а сега поврда заработи и неговата потенцијална замена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, на последниот тренинг повреда на коленото заработи младиот Ансу Фати, кој игра во одлична форма од почетокот на сезоната.

Формата на Фати беше еден вид гаранција за Валверде, кој сега како единствено решение за мечот со Гетафе го има Осман Дембеле, кој не е во добра форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…