Дома Фудбал Италија Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Милан оваа сезона навистина нема среќа со повредите, а синоќа се повреди и еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ оваа сезона Факијо Томори.

Томори предвреме го заврши мечот со Џенова, а денес лекарските прегледи покажаа дека има оштетување на менискусот на коленото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот уште денес ќе биде опериран, а се очекува потоа Милан да соопшти колку време ќе паузира.

Ова е лоша вест за Милан, кој има голем проблем со повредени фудбалери, особено во одбраната.

Сезоната за Симон Кјаер е завршена, а Ромањоли е позитивен на Ковид, па се очекува Милан сигурно да интервенира на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан ќе направи обид за дефанзивец на Манчестер Сити

Во Милан ќе го искористат крајot на зимскиот трансфер период, за да направат обид да го пр…