Дома Фудбал Англија Нов триумф во битката за ЛШ за Тотенхем

Нов триумф во битката за ЛШ за Тотенхем

Фудбалерите на Тотенхем славеа на домашен терен против екипата на Вотфорд со 2:0 во последниот меч од 36. коло во Премиер лигата.

Тотенхем до победата пристигна благодарение на погодоците на Деле Али и Хари Кејн, и сега заостанува зад Ливерпул за само еден бод, а Спарси имаат и меч помалку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тотенхем од почетокот тргна офанзивно, но далеку од тоа дека беше опасен ривал на теренот.

Вотфорд имаше две стопроцентни шанси во првото полувреме, но Уго Љорис го сочува својот тим, бидејќи ги запре обидите на Греј и Ричарлсон во ситуацијата еден на еден.

Тотенхем поведе по кардиналната грешка на голманот Карнезис, кој ја испушти топката, право на ногата на Кристијан Ериксен, Данецот брзо врати повратна до Али, а тој лесно да погоди мрежата.

Во вториот дел од играта, Тотенхем беше нешто поконкретен, а прашањето на победникот беше решено по три минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…