Уште еден голем скандал ги потресе редовите на минхенски Баерн.
Искусниот француски фудбалер Франк Рибери е еден од бунтовниците против тренерот Нико Ковач, а после поразот од Борусија Дортмунд со 3:2 на мета му се најде францускиот новинар Патрик Жилу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер кој за beIN Sports известува за Бундеслигата добил неколку удари од Рибери, а Билд ги пренесе зборовите од некои очевидци.
„Рибери излегуваше од стадионот и тргна кон автобусот кога Жилу ми пријде да му побара изјава. Рибери почна да го навредува, а потоа три пати го удри.“ – пишува Билд.
Дека имало инцидент потврди и спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ.
„Франк Рибери не извести дека имало инцидент со новинарот Патрик Жилу. Договоривме состанок со новинарот да го решиме овој проблем.“