Низата дебакли на големите натпреварувања Германија сака да ја прекине на претстојното Европско првенство. Меѓутоа пред самиот почеток на Европското првенство пристигнуваат вести за проблеми во репрезентацијата.
Најчитаниот германски весник „Билд“ објави дека во репрезентацијата избила побуна и најголем дел од репрезентатиците не се согласувале со формацијата која сакал да ја игра Лев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа изгледа не бил единствениот проблем. Истиот извор како дополнување пишува и за друг проблем. Наводно, Лев на ЕП одлучил во нападот да игра со Сане, Гнабри и Милер. Тоа никако не им се допаднало на Каи Хаверц и Тимо Вернер. Двајцата фудбалери сметаат дека после сезоната која ја имаа во Челзи заслужуваат да бидат во првиот тим.
„Амбициозен сум и секако дека сакам да играм од почетокот против Франција“, го цитираат Германците младиот Хаверц кој на првиот ден од ЕП ќе наполни 22 годсини. Сезоната Хаверц ја заврши со девет голови и исто толку асистенции, еден гол постигна во финалето од Лигата на шампионите.
Лев после Европското првенство ќе ја напушти функцијата селектор и него ќе го наследи Тухел, сега се соочува со проблеми.