Бразилскиот гигант Палмеирас сака во своите редови да го доведе Едисон Кавани, напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
Иднината на 34-годишниот репрезентативец на Уругвај на „Олд Трафорд“ е неизвесна затоа што договорот му истекува на лето 2022 година. Палмеирас поради тоа веќе тргнал во акцдија да го обезбеди Кавани и да го врати во Јужна Америка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа секако оваа приказна е далеку од завршена. Интерес за одличниот голгетер покажа и Бока, а се споменуваа и шпанските гиганти Реал и Барселона.
Кавани во Манчестер пристигна како слободен играч во текот на 2020 година. Одигра 47 натпревари за двократниот шампион на Европа и има учинок од 18 голови и шест асистенции.