Дома Фудбал Англија Нов кикс – нови виновници: Мурињо повторно покажа со прст на виновниците!

Нов кикс – нови виновници: Мурињо повторно покажа со прст на виновниците!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо после вчерашното реми со Саутемптон призна дека е фрустриран од играта на играчите за врска кои ги посочи како главни виновници за киксот.

Португалецот беше приморан како централни дефанзивци да ги стави Немања Матиќ и Мек Томини, но тие не го разочараа, туку играчите кои играа во средниот ред, особено Пол Погба, кој одигра многу лоша партија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Изгубивме премногу топки на средината, па ни беше многу тешко да креираме шанси. Мислам дека тоа е единствената причина поради која не победивме. Се добро што направивме во последните 20 минути од првото полувреме е резултат на добрата транзиција“.

„Во второто полувреме повторно се вративме на исто и губевме многу топки на средината од теренот. Играчите не можат да разберат дека едноставноста е генијална и се обидуваат да играат комплицирано“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…