Дома Македонски спорт Нов државен рекорд: Михов истрча 230 километри за 24 часа!

Нов државен рекорд: Михов истрча 230 километри за 24 часа!

Атлетичарот од Велес, Трајче Михов, викендов успеа да заврши на втората позиција во генералниот пласман на трката во Атина, проитоа постави нов државен рекорд на 24-часовните ултрамаратонски стази.

Тој за период од 24 часа истрча 230 километри, што е нов македонски рекорд, четири километри повеќе од претходниот, кој, исто така, беше во сопственост на Михов од 2015 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ултрамаратонот стартуваше во саботата во 14 часот, а го завршивме наредниот ден во истиот термин. За овие 24 часа одморав само 30-ина минути за да се измасирам, други паузи немав. Временските услови беа одлични за овој период од годината, само доцна во ноќта и утрото при разденување беше постудено“, изјави Михов.

Со овој истрчан резултат, Михов го исполни условот за учество на Европското првенство, кое кон крајот на мај ќе се одржи во Темишвар, Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…