Дома Останати Кошарка Нов во серијата порази за македонскиот шампион: Игокеа поуспешна во „Јане Сандански“

Нов во серијата порази за македонскиот шампион: Игокеа поуспешна во „Јане Сандански“

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази откако вечерва загуби од Игокеа со 77:68.

За МЗТ ова е 11. пораз во серија , додека Игокеа ја постигна 6. победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кошаркарите на Игокеа во поголемиот дел од натпреварот имаа предност, додека МЗТ Скопје само пати во првиот дел имаше предност. Во целото второ полувреме Игокеа имаше предност, а во финишот на дуелот разликата беше и двоцифрена.

Најефикасен на дуелот беше Марко Љубичиќ од Игокеа со 21 постигнат поен, додека кај кај МЗТ се издвои Дамјан Стојановски кој постигна 14 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Повредата на Дончиќ го обележа кошмарот за Лејкерси. Забележан е скоро рекорден пораз во историјата на клубот.

Натпреварот меѓу Оклахома Сити Тандер и Лос Анџелес Лејкерси беше најавуван какодуелсостан…