Дома Фудбал Останато Нов бисер од Србија: Најбогатиот српски фудбалер уапсен пијан во полициски час!

Нов бисер од Србија: Најбогатиот српски фудбалер уапсен пијан во полициски час!

Aлександар Пријовиќ, напаѓачот на саудискиот Ал-Итихад во кој заработува толку што е најбогат фудбалер во Србија и кој со својот гол ја одведе на минатото СП уапсен бил пијан во еден бар на српски хотел.

Заедно со приведениот е и познатиот српски турбофолкер Радиша Трајковиќ Џани со сопругата. Полицијата ги уапсила затоа што ги прекршиле правилата на полицискиот час кој во Србија во текот на неделата важи од 17 часот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пријовиќ е третиот српски фудбалер кој ја изненадил земјата со своето однесување во време на пандемијата со коронавирусот. Прв беше напаѓачот на Реал Лука Јовиќ на кого му се закануваше три години затвор поради напушатањето на карантинот по враќањето од Шпанија.

 Вториот кој не ги почитуваше мерките беше Никола Нинковиќ дефанзивецот на Асколи и тој како и Јовиќ го прекршил правилото за изолација по враќањето во земјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Златан Ибрахимовиќ во Белград лично ќе заврши сензационален трансфер: Во игра е ‘огромна сума’

Златан Ибрахимовиќ ќе дојде во Белград по младиот напаѓач на Партизан Андреј Костиќ. Догов…