Дома Фудбал Италија Ново сценарио за Серија А: Еве ги датумите од сите натпревари до крајот!

Ново сценарио за Серија А: Еве ги датумите од сите натпревари до крајот!

Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот, но фудбалските власти инсистираат дека Серија А мора да биде завршена и плановите се првенството да продолжи кој крајот на мај и почетокот на јуни.

Според планот кој го претстави претседателот на Федерацијата, Гравина, Серија А треба да продолжи на 20-ти мај и во тој случај би завршила на 2-ри јули.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планот е на 20-ти мај да се одиграат одложените натпревари од 25-то коло, Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари.

Потоа ќе се пристапи кон регуларно продолжување на сезоната од 27-то коло. Натпревари ќе се играат на секои три дена, па според ова сценарио сезоната ќе заврши на 2 јули.

Еве ги можните датуми на натпреварите според ова сценарио:

23-24.05. – 27 коло

27-28.05. – 28 коло

30-31.05. – 29 коло

03-04.06. – 30 коло

06-07-06. – 31 коло

10-11.06. – 32 коло

13-14.06. – 33 коло

17-18.06. – 34 коло

20-21.06. – 35 коло

24-25.06. – 36 коло

27-28.06. – 37 коло

02.07. – 38 коло

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …