Дали на повидок е нов голем земјотрес во Интер?
Имено, „Кориере дела Сара“ пишува дека се спремаат големи промени во компанијата „Санинг“ и дека сопствениците не се задоволни, како од резултатите така и од маркетингот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред нив се повеќе опции. На сугестија на Макс Морати би можеле да го вратот Марко Бранка на позицијата директор, односно да го променат спортскиот директор.
Но, се спрема и уште нешто полошо. Имено, скоро сигурно со цел да остварат профит би бил продаден Икарди, веќе го доведоа Лаутаро Мартинез, а наводно Спалети и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите нема да може да смета на големи засилувања.
Според пишувањата на реномираниот италијански медиуми, Де Фрај и Асамоа пристигнуваат како слободни играчи (првиот е веќе обезбеден). Со Валенсија ќе се преговара за откупната клазула на Кансело, додека со Барса ќе се обидат да разговараат и да ја намалат откупната цена на Рафиња која во овој момент изнесува 35 милиони евра. Тој сега во Милано настапува како позајмен играч и Интер за оваа позајмица плати три милиони евра.
На крајот вистински шок! Наводно „Санинг“ би сакал и да се ослободи од Интер, цената според истиот медиум изнесува 600 милиони евра. Жанг сениор не се појавува во Милано и постоја информации дека чека понуди со цел да се ослободи од клубот.
Можеби сето ова е поврзано со притисокот од Кина да се вратат парите и да се вложуваат во сопствената земја, а прашање е кој би можел го превземе Интер, иако кога се во финансиите во прашање тие се во подобра ситуација од Милан.