Дома Топ вести Ново ГОЛЕМО ривалство во фудбалот: ПСЖ му нуди два играчи на Тотенхем само да не ги продаде на Барса

Ново ГОЛЕМО ривалство во фудбалот: ПСЖ му нуди два играчи на Тотенхем само да не ги продаде на Барса

Денеска се очекува претставувањето на Серж Ауриер како нов играч на Тотенхем по трансферот од ПСЖ.

Довчерашниот бек на ПСЖ ќе стане третото засилување на „Петлите“ во овој трансфер период, а како што доаѓа крајот на трансфер периодот, ПСЖ брза за да продаде неколку играчи за да ги исполни барањата на финансискиот фер-плеј.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Како што пренесуваат британските медиуми, Парижаните им понудиле на Тотенхем уште два играчи: Анхел Ди Марија и Лукас Моура. Тренерот на Спарсите, Маурисио Покетино не е премногу заинтересиран за Моура, но затоа Ди Марија е негова голема желба, па останува да видиме дали Тотенхем пред истекот на трансфер периодот ќе ја засили екипата за уште еден, или пак двајца играчи на ПСЖ.

Ова изгледа дека ќе биде уште еден удар за Барселона која е заинтересирана за Ди Марија и во него ја гледа замената за Нејмар, а од ПСЖ се јасни дека тешко ќе го пуштат Аргентинецот во Барса.

Иако не е познато колку пари ПСЖ сака за двата фудбалери, британските медиуми истакнуваат дека првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви е исклучително внимателен кога се парите во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, …