Aвстриецот Давид Алаба многу веројатно заминува од Баерн.
Алаба иако има 27 години израсна во икона на Баерн. Со клубот од Минхен освои голем број трофеи и притоа одигра 400 натпревари, а се поизвесно дека за него оваа сезона ќе биде последна во Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За тоа се шпекулира веќе со месеци, наводно Алаба донел одлука да ја промени средината и да побара нов предизвик. Таквите најави сега ги подгреа новинарот од Италија Иван Реџијани. Тој тврди дека одличниот дефанзивец кариерата ја продолжува во Интер.
„Колку што знам Алаба заминува од Баерн и мислам дека Интер заврши голема работа со неговото доведување. Имам некои информации дека помеѓу Алаба и Интер веќе има договор“, изјави Реџијани за „Калчомеркато“.
Доведувањето на Алаба би била втора голема работа за Интер,пред неколку дена „нероаѕурите“ го обезбедија потписот на Ашраф Хакими.