Првото засилување на Милан во зимскиот преоден рок, Суали Меите денес пристигна на лекарски прегледи за да го комплетира трансферот.
26-годишниот играч за врска доаѓа од Торино на позајмица со право на откуп следното лето за 10 милиони евра.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Милан во овој преоден рок сака да го засили средниот ред со играч кој ќе може да биде замена за Кеси, па „росонерите“ сметаат дека Меите би бил идеална опција.
„Милан е прв на табелата и таму треба да остане до крајот. Среќен сум што доаѓам во толку голем клуб“, беа првите зборови на Меите.
📽 @AntoVitiello: Meite has arrived at La Madonnina for his medicalpic.twitter.com/nn15gBgiUv
— Milan Reports (@MilanReports) January 15, 2021