Дома Фудбал Англија Новото засилување на Јунајтед не е среќен: „Бунтовникот“ не сака да биде забележан (Фото)

Новото засилување на Јунајтед не е среќен: „Бунтовникот“ не сака да биде забележан (Фото)

Иако за 31 милиони фунти пристигна во Манчестер Јунајтед, не одигра во првиот меч од новата премиерлигашка сезона.

Виктор Линделоф во Јунајтед пристигна од Бенфика како перспективен стопер, но младата ѕвезда мораше да седи на трибините во првиот триумф во лигата на Јунајтед против Вест Хем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секако, Линделоф не е среќен поради одлуката на Жозе Мурињо, а медиумите во Англија пишуваат дека ист третман на стартот имаше и Ерменецот, Хенрик Мхитарјан, кој Мурињо го „мачеше“ така што голем дел од времето го помина на клупата.

Линделоф за Јунајтед дебитираше на Суперкупот кој неодамна се одржа во нашиот главен град, но очигледно не ги задоволи апетитите на Мурињо, па стоперскиот тандем го сочинуваа Џонс и Бејли.

На тренингот по мечот со Вест Хем, Линделоф пристигна во скап мерцедес, но со капа на главата. Очигледно не сакаше да биде забележан и се чини дека тешко го прифаќа фактот дека кај Мурињо и не е толку важен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…