Дома Фудбал Италија Новогодишен подарок за фановите: Два важни потписи на „Сан Сиро“

Новогодишен подарок за фановите: Два важни потписи на „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан постигнало договори за продолжување на соработката со Донарума и Чалханоглу.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па „росонерите“ веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни конечно ги договориле сите детали и Донарума наскоро ќе стави потпис на договор до 2025 година и годишно ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

Слична е ситуацијата со Чалханоглу, чиј договор исто така истекува на крајот на сезоната. После долги преговори двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2025 година. Турскиот репрезентативец годишно ќе заработува 4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реми во дербито од Премиер лигата, Челси конечно не изгуби! (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул и Челси одиграа нерешено 1:1 во 36-тото коло на англиската Премиер…