Неверојатна криза со повреди го зафати Ливерпул, а после натпреварот со Лестер (3:0) ситуацијата помеѓу „црвените“ стана уште полоша.
Актуелниот шампион на Премиер лигата убедливо го победи лидерот на табелата иако играше без скоро цела одбрана. На сите проблеми во Ливерпул вчера во 53. минута останаа и без уште еден играч. Во таа минута играта ја напушти Наби Кеита, фудбалерот за кого Ливерпул пред две години плати 60 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од тогаш Кеита одигра 68 натпревари и постигна седум голови. На последниот меч мораше да излезе рано затоа што го повреди коленото.
„Почувствува силна болка во коленото и не можеше да продолжи. Ќе направи детални прегледи и ќе знаеме за каква повреда се работи“, изјави Клоп по натпреварот.