Дома Фудбал Нови проблеми за Атлетико: Се повреди и Диего Коста!

Нови проблеми за Атлетико: Се повреди и Диего Коста!

Диего Симеоне има големи проблеми со повредени играчи, а сега „болницата“ во Атлетико Мадрид се зголеми за уште еден фудбалер.

Шпанскиот клуб потврди дека Диего Коста има повреда на десната нога и дека веќе ја запопнал рехабилитацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


30-годишниот напаѓач има изненадувачки слаба сезона и се уште не постигнал гол во Примера во досегашниот дел од сезоната (9 меча). Притоа, има само еден постигнат гол во Лигата на шампиони оваа сезона.

Симеоне има големи проблеми со повредени фудбалери пред дербито со Барселона кое на програмата е на 24-ти ноември.

Во моментов надвор од тимот се Диего Годин, Лука Ернандес, Хосе Хименес, Стефан Савиќ, Коке и Тома Лемар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Александер-Арнолд го напушти теренот само по три минути игра – колку долго ќе отсуствува?

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26) мораше да излезе од игра по неполни три минути на натпреварот…