Стефан Ел Шарави после скоро две години најверојатно ќе се врати во Рома.
Италијанскиот офанзивец го напушти римскиот клуб леотото 2019 година кога одлучи да потпише за кинескиот Шангај Шенуоха. Сепак, сега е слободен играч откако го раскина договорот со овој клуб.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Медиумите на Апенините вчероа објавија дека се е договорено за негово враќање во Рома.
28 годишниот Ел Шарави и допатува во Рим каде што денес требаше да ги помине лекарските прегледи, но тие се откажани.
Имено, во Рома има неколку позитивни случаи со коронавирус и поради тоа се одложени прегледите на Ел Шарави. Прво ќе се тестираат сите сегашни играчи на „волчицата.
Како и да е од клубот изјавиле за медиумите дека се ќе биде завршено во наредните денови кога Ел Шарави и официјално ќе стане играч на Рома.