Најголемото летно засилување на Реал Мадрид, Еден Азар на мечот против Леванте ја обнови повредата на глуждот.
После направените детални прегледи утврдено е дека Азар ја обновил повредата поради која отсуствуваше 3 месеци и го чека нова долга пауза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доброинформираната „Марка“ тврди дека Белгиецот утрово бил на нови прегледи и докторите му порачале дека најдобро решение е да му биде извршен хируршки зафат.
Конечната одлука околу лечењето Азар и Реал ќе ја донесат на крајот на неделата, но јасно е дека ќе биде надвор од терениет два до три месеци.
Целта на Азар е да биде комплетно опоравен до почетокот на Европското првенство, па поради тоа може да се одлучи за операција.