Дома Фудбал Италија Нови информации: Дали причината за расправијата меѓу Ибра и Лукаку е Раиола?

Нови информации: Дали причината за расправијата меѓу Ибра и Лукаку е Раиола?

Се уште главна тема на Апенините е големата расправија помеѓу Златан Ибрахимивиќ и Ромелу Лукаку за време на миланското дерби.

Двајцата влегоа во вербална расправија, па за малку беше избегната голема физичка пресметка помеѓу корпулентните напаѓачи.

Помеѓу другото Ибрахимовиќ му дофрлил на Лукаку да оди да си ги прави своите вуду глупости. Лукаку поради тоа полудел и сакаше да се пресмета со Златан.

Поради овие зборови многумина го обвинија Ибрахимовиќ за расизам, иако од поодамна е познато дека мајката на Лукаку се занимава со вуду-ритуали.

Двајцата во минатото играа заедно и имаа ист менаџер, Мино Раиола, а наводно вуду-ритуалите се причина поради која Лукаку го раскинал договорот со Раиола.

Италијанските медиуми тврдат дека поради тоа Ибра му дофрлил токму за вуду ритуалите, бидејќе е во многу блиски односи со Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Малиот Урош од Бања Лука со цртеж на Джека го обедини регионот

Седумгодишниот Урош од Бања Лука го нацрта својот идол Едина Џека како се крсти, што преди…