Дома Фудбал Останато Нови детали за состојбата на Ван Дер Сар

Нови детали за состојбата на Ван Дер Сар

Легендарниот голман на Ајакс, Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Холандија кој од 8-ми јули беше на интезивна нега во Сплит поради мозочно крварење е во стабилна состојба.

Ван Дер Сар вчера бил отпуштен од Клиничкиот центар во Сплит и своето лекување ќе го продолжи во Холандија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наредниот период тој ќе го помине во холандската болница на интезивна нега, меѓутоа сега е во стабилна состојба и комуницира со најблиските.

Неодамна Ван Дер Сар поднесе оставка од местото генерален директор во Ајакс каде што помина 11 години, по разочарувачката сезона за овој клуб кој заврши на третото место во холандското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Човек кој чува овци не може да има авторитет врз судијата што ја оштети Звезда”

Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од тимот на Милан со 1-2, во рамките на шестото …