Дома Фудбал Новиот тренер донесе чудна опрема: Голманите на Ливерпул носеа специјални очила на тренинг

Новиот тренер донесе чудна опрема: Голманите на Ливерпул носеа специјални очила на тренинг

Со новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот, на „Енфилд“ пристигнаа нови методи на работа, а многумина се зачудија кога ја видоа необичната опрема што голманите ја носат на тренинзите.

Објавени се фотографии на кои голманот на „Црвените“ носи чудни наочари за време на тренингот, а набрзо дојде и објаснување за што се работи.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Имено, наочарите кои ги носи тимот на Слот се наменети за подобрување на реакциите на голманите, координацијата на нивните очи и раце, како и техничките вештини бидејќи го намалуваат количеството на сензорен влез, односно внесување информации за време на тренингот.

Очилата се произведени од американската компанија Swivel Vision и тие го ограничуваат периферниот вид на носителот и го принудуваат да ги следи звучните сигнали. Во основата, наочарите се произведуваат со идеја голманот да му биде што поголем предизвик да стигне до топката на тренинг, така што оваа работа ќе им биде полесна за време на натпреварите.

Инаку, вчера Ливерпул одигра подготвителен натпревар „зад затворени врати“, а беше поразен со 1:0 од тимот на Престон, кој се натпреварува во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед му постави ултиматум на Ерик тен Хаг

Ерик тен Хаг веќе трета сезона е на клупата на Манчестер јунајтед, но никако да изгради ша…