Шефилд Јунајтед оваа сезона направи големо изненадување во Чемпионшип и успеа да се избори за директен пласман во Премиер лигата.
Од наредната сезона Шефилд ќе го гледаме во една од најсилните фудбалски лиги, тоа веројатно пред почетокот на сезоната не го очекуваа ниту навивачите на овој клуб. Но, Шефилд имаше одлична завршница и успеа да го помие Лидс на табелата со што обезбеди директно место во ПЛ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа денес англиската јавност беше изненадена кога се појави вест дека Шефилд Јунајтед е поврзан со семејството на терористот Осама Бин Ладен кој беше ликвидиран во 2011 година.
Имено, има случај кој се наоѓа на суд помеѓу сопственикот на Шефилд, Кевин Мекаб и Принцот Абдулах Бин Мусад Бин Абул Азиз. Случајот помеѓу овие двајца не е решен веќе три години.
Мекаб и Абул Азиз се запознале во 2013, а потоа Мекаб го повикал да инвестира пари во Шефилд Јунајтед и тој вложил околу 10 милиони евра.
Така и Абул Азиз стана сопственик, двајцата имаале по 50% од акциите на новиот премиерлигаш. Меѓутоа пред две години имале жесток судир, Абдул Азиз го тужел бидејќи сакал да си ги добие назад своите пари.
Во меѓувреме Шефилд зимаше разни позајмица, а внимание привлече позајмицата од три милиони фунти која ја земаа од организацијата „Проект Делта“.
На судот било докажано дека оваа организација е поврзана со Ал-Каеда, односно е во сопственост на семејството на Осама Бин Ладен. Наводно, Мекаб иако тоа го знаел ги земал парите. Очигледно не очекувал дека јавноста ќе дознае за тоа.
Се уште не е познато што судот ќе одлучи и дали Мекаб ќе биде жестоко казнет токму кога неговиот клуб оствари историски успех.