Тимот на Нотингем Форест изминатата вечер претстави ново засилување кое за нив е 18-то во овој преоден рок.
Нов играч на премиерлигашот стана левиот бек Ренан Лоди. Бразилскиот фудбалер ќе игра на позајмица во овој клуб до крајот на сезоната. Нотингем за позајмицата ќе плати пет милиони евра, а доколку сакаат целосен откуп следното лето ќе треба да платат 30 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатите три сезони Лоди ги помина во Атлетико Мадрид за кој забележа вкупно 118 настапи, постигна шест гола и подели 10 асистенции.
Според најавите во англиските медиуми до крајот на летниот преоден рок Нотингем би можел да доведе уште некој играч со што би ја надминале и границата од 20 нови засилувања.